Машала: Планови за над 100 нови вработувања во Општина Кочани и ЈКП Водовод Кочани!
На 32-та седница на Советот на општина Кочани ќе се најдат и планот за вработување во КЈП „Водовод“, планот за вработување во општина Кочани, како и планот за вработување во градската библиотека. Сите овие планови се проширени со голем број работни места.
Во КЈП „Водовод“ планирани се 85 нови вработувања од кои само 9 испразнети по основ на пензионирање! – информираат од политичката партија Левица.
-Општина Кочани испланирала 14 нови вработувања + 3 испразнети по основ на пензионирање, вкупно 17, а библиотеката две.
Овие вработувања ќе ги чинат граѓаните милиони и милиони денари, односно бројни нерешени проблеми кои би можеле да бидат решени со тие средства, наместо што градоначалникот да ги употреби за купување гласови во изборната 2024 година.
На истата, 32 седница, Советот на општина Кочани треба да даде и согласност за формирање на паралелки со помал број ученици од законски предвидениот, при што евидентно е дека бројот на ученици е значително опаднат во однос на претходната учебна година.
Во ситуација кога сѐ поголем број кочанчани го напуштаат Кочани токму поради децениските злоупотреби и неспособноста да се создадат услови за пристоен живот за граѓаните, надлежните продолжуваат да се однесуваат раскалашено со народните пари.
Левица најостро го осудува ваквото практикување на власт, а советничката на Левица ќе гласа ПРОТИВ плановите за превработување.
На безобразието , злоупотребите и арамилукот МОРА да му се стави крај! – напишаа од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…