Мајката која ги уби своите деца, а претходно ги измачуваше доби 15 години затвор
Хадвин бил пронајден мртов во затворска ќелија додека ја чекал пресудата во февруари. Неговата смрт се уште е под истрага.
Децата на Пиклс и Хадвин биле толку гладни што пешачеле повеќе од 6 километри за да пребаруваат низ контејнерите од супермаркетите во 4 часот наутро. Кога го пријавиле злоставувањето на доверливо возрасно лице и случајот дошол во полиција, Хадвин и Пиклс се испаничиле, ги фалсификувале писмата и рекле дека ги напишале нивните деца, пишува Дејли Мејл.
„Жал ни е, лажевме“, пишувало во писмата. Експерт за ракопис подоцна утврдил дека писмата се лажни, односно дека не се работи за детски ракопис. Полицијата започнала истрага во 2018 година по пријава за можна злоупотреба. Истрагата траела четири години, во текот на која детективите испрашале повеќе од 150 сведоци.
Откриле дека Хадвин и Пиклс ги принудувале децата да јадат сапун и да се тушираат со врела вода, ги затворале во плакари, ги тепале и изгладнувале. Знаеле и да ги потопат во вода додека не помодрат. Децата често барале храна на улица и еднаш биле пронајдени во 4 часот наутро како пешачат до супермаркет во потрага по храна.
Садистичката двојка знаеле да нарачаат храна и потоа да ги натераат децата да ги гледаат како јадат. Тие биле прогласени за виновни за повеќекратни прекршоци за занемарување на децата во Судот на Дурам. Хадвин бил обвинет и по три точки за силување малолетничка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…
Брачниот пар е обвинет за расистички напад…
Данец со камера скриена во пенкало, снимал…
Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…
Трагедија: Син ја пронашол својата 89-годишна мајка…
– Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани,…
Син ја претепал својата 72-годишна мајка
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…
Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…