„Мајкрософт“ се спрема за рецесија, укинува 10.000 работни места
Корпорацијата Мајкрософт денеска објави дека ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија и со цел да заштеди 1,2 милијарди долари. Отпуштањето е многу поголемо од намалувањето на трошоците што Мајкрософт го направи минатата година, а акциите на компанијата паднаа за околу 1 отсто.
Следниот голем бран во индустријата ќе биде развојот на вештачката интелигенција, рече извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, додавајќи дека отпуштањата ќе погодат помалку од пет отсто од вработените во компанијата и дека Мајкрософт ќе продолжи да вработува на „стратешки“ позиции.
Мајкрософт ќе потроши околу милијарда долари за отпуштања, бидејќи отпуштените вработени кои имаат право да работат во САД ќе добијат здравствена заштита и права на акции за шест месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Си ја продлабочуваат соработката: Русија…
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател…
Кој го праша? Според Еди Рама, Бугарите…
Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека…
Откажуваат послушност: Француски полицајци не се јавиле…
Речиси 1.000 припадници на француските полициски единици…
Денес се празнуваат Преподобните маченици Галактион и…
Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…