Мајк Пенс во трка за републиканска претседателска номинација
Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс следната недела официјално ќе влезе во трката за републиканска претседателска номинација, соопштија неименувани извори запознаени со неговите планови.
Пенс ќе ја започне кампањата за републиканската номинација на 7 јуни во Де Мојн, Ајова, на неговиот 64-ти роденден.
Негови главни ривали ќе бидат неговиот поранешен шеф Доналд Трамп, американски претседател од 2017 до 2021 година, и гувернерот на Флорида, Рон Десантис, кој минатата недела најави дека ќе се бори да стане републикански претседателски кандидат.
Тимот на Пенс верува дека првото гласање на внатрепартиските прелиминарни избори, кои традиционално се одржуваат во Ајова, ќе биде критично за неговиот потенцијален пат до победата. Советниците на Пенс велат дека тој планира да води агресивна кампања за да ги придобие конзервативните евангелистички гласачи во Ајова.
Заедно со Трамп и Десантис, во трката за републикански претседателски кандидат се и поранешната амбасадорка на САД во ОН Ники Хејли, сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот, поранешниот гувернер на Арканзас Ејс Хачинсон, водителот Лери Елдер и претприемачот Вивек Рамасвами. Поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, планира да ја започне својата кампања на 6 јуни, а гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургум на 7 јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп нуди награда од милион долари за…
Американскиот претседател Доналд Трамп нуди награда од…
САД подготвени за голем напад врз Иран…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Трамп: Морам да го запрам убивањето на…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора…
САД ги повлекува дипломатите и членовите на…
Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…