МВР “во акција”: За 8 часа санкционирани 105 возачи во Чаир!
Засилена акциска контрола во делот на сообраќајот е спроведена вчера во периодот од 10 до 18 часот на територија на општина Чаир во Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
При контролата, како што посочуваат од МВР, санкционирани се 105 возачи, од кои 29 санкции за возење со брзина поголема од дозволената, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест мерки за истечена сообраќајна дозвола, три санкции за технички неисправни возила…
Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…