МВР во одбрана на Коцевски демантира дека ја нарушил истрагата: Неофицијално еден полициски службеник осомничен за пожарот во „Пулс“ е во бегство

t

Одредените сомневања изнесени во медиумите, дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски со изјавите во телевизиско гостување за приведувањето на седуммина полициски службеници во Кочани, ја компромитирал акцијата беа демантирани од МВР.

„МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на јавното обвинителство“, се вели во деманот на МВР.

Вчера Коцевски јавно соопшти дека е издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загина 61 лице, а над 100 беа повредени.

Во однос кои се тие полициски службеници и што се дел од истрагата, јавното обвинителство за дел веќе има отворено истрага, меѓутоа еве ќе кажам во моментов, ми јавуваат, дека има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и утре ќе бидат изведени пред јавниот обвинител, а потоа и пред судија на претходна постапка“, рече државниот обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

Коцевски рече дека објектот „Пулс“ не бил познат само на полицијата туку бил познат на целиот град, на локалната самоуправа и на сите надлежни институции кои што требало да функционираат.

Во неколку провладини медиуми излезе информацијата дека Коцевски ја нарушил истрагата, а дека тоа го дознаваат од извори од МВР. Лицето по кое се уште се трага е полицаец од Штип кој е недостапен за полицијата.

Неофицијално блиски на полицаецот кој е во бегство се вработени во МВР па тоа е патот по кој информацијата стигнала до полицискиот службеник дека ќе има негово апсење. Текстовите објавени во провладините медиуми се со цел топката да биде префрлена кај обвинителството наместо да се бара вината повторно каде што треба, а тоа е во рамки на министерството за внатрешни работи од каде најверојатно протекла информацијата дека полицискиот службеник ќе биде уапсен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…

Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…

Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…

Мицкоски за буџетите на судството и обвинителството…

Владата не може да ги обезбеди законски…