МВР: Лишен од слобода скопјанец поради кражба на бакарни кабли во вредност од 200 000 евра

t

Од објект во изградба на подрачјето на Центар, каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. Случајот, како што информираат од МВР е пријавен вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, по што е лишено едно лице, вработено како обезбедување во објектот.

По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаг го продолжи рокот за жалби на…

Апелацискиот совет на Специјализираните совети во Хаг…

Мицкоски: Можно е да има уште еден…

Намалените приходи од акцизите и данокот на…

Судиите Зимбовска и Герасимовски во трка за…

Судиите од скопска Аплеација, Лидија Зимбовска и…

Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…

Нетанјаху тужи три медиумски куќи и шест…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за…