МВР не славеше: Пронајдена дрога во Влае, едно лице лишено од слобода

t

При претрес во стан на Љ.Г. (22) во скопската населба Влае вчера се пронајдени две поголеми пакувања со околу 350 грама амфетамин, дигитална вага, половина килограм марихуана, 333 парчиња екстази и предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога, информира Министерството за внатрени работи.

Претходно Љ.Г. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица и до надлежното обвинителство ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ, а во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Според добиените информации, пронајдената дрога требало да биде продадена и дистрибуирана на други дилери и уживатели  за новогодишната ноќ, велат од МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…

Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…

Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…

(Видео) Откриен тунел за трговија со дрога…

На границата меѓу американската држава Калифорнија и…

Тројца мртви во американски напад врз брод…

Американската војска повторно бомбардираше брод за кој…

Во автомобилот му наше бела грутчеста материја,…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…