МВР објави тендер за нови униформи, повик за сите заинтересирани компании да се пријават

t

Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции.

-Министерството во процесот кој е целосно транспарентен и одговорен, оствари технички дијалог со дури 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. Македонската полиција заслужува да биде модерна и функционална европска полиција.
Новата униформа во себе ќе содржи елементи како виндјакна, теренска јакна, теренски панталони летни и зимски, кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми, велат од МВР.

Тендерот е објавен на електронскиот систем за јавни набавки .

Услов за учество е компанијата во последните 5 години да има извршено минимум 1 испорака на стоки од ист или сличен вид како предметот на набавката, со обезбедена потврда за извршена испорака и да има на располагање технички капацитет за конфекционирање на стоките кои се предмет на набавка и минимум технички персонал од 50 лица за производство на стоките и минимум 2 лица за контрола на квалитет во производство за дел 1 од набавката, а за дел 2 од набавката да има на располагање технички капацитет за конфекционирање на стоките кои се предмет на набавка и минимум технички персонал од 100 лица за производство на стоките и минимум 2 лица за контрола на квалитет во производство.

ДЕТАЛИ ЗА ТЕНДЕРОТ ОВДЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…