МВР потврди: Исмет Гури ѝ се предал на полицијата – Спроведен е во затвор!
Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, се предал на полицијата откако по него беше распишана меѓународна потерница, потврдија од МВР за Инфомакс. Гури бил спроведен во Затворот Скопје.
– Денеска (29.08.2024) во 13.40 часот во Скопје самиот се пријави Исмет Гури (60), кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје. Потоа Гури е лишен од слобода во ПСОН Кисела Вода и спроведен до Затвор Скопје, стои во соопштението на МВР.
Инфомакс претходно ексклузивно објави дека Гури се предал во полициската станица во Кисела Вода.
Гури, најпрво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми, откако лани на 19 јули беше уапсен заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП, под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама при што издавале фиктивни потврди за пребивање данок.
„Вчера, на Кривичниот суд му е јавено од МВР дека при проверката од полициски службеници, Исмет Гури не бил на адресата на која требаше да издржува куќен притвор. Распишана е меѓународна потерница по него“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје кој претходно му одреди мерка куќен притвор.
Бегството се случило откако Обвинителството по жалба побарало куќниот притвор на Гури да му се преиначи во ефективен притвор, во затворот во Шутка. Советот од тројца судии во Кривичниот суд му одредил мерка притвор на Гури. Но кога отишла полицијата вчера да го земе Гури и да го спроведе во Шутка, не го нашла дома.
Со повеќегодишната шема на злосторничкото здружение во Управата за јавни приходи, на чие чело со години бил Исмет Гури, оштетени се големи фирми за околу 2 милиона евра. Гури и дел од осомничените, формирале фирми на кои им давале фиктивни потврди од УЈП дека преку нив други фирми можат да пребијат данок. Големи фирми плаќале, пребивале данок преку овие со лажните потврди дека може преку нив други фирми и компании да плаќаат данок со пребивање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…
Странските државјани кои со возила со странски…
Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…
Од МВР информираат дека се поднесени кривични…
УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување…
Во рамки на активностите за поголема даночна…
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…