МВР со вежбовни активности и презентација на опрема по повод Денот на независноста

t

По повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември денеска во Градски Парк-Школка, Скопје, ќе се одржат вежбовни активности, презентација на опремата и возилата на МВР, како и запознавање одблиску со единиците на МВР.

Како што при одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, граѓаните, особени најмладите, имаа можност да се дружат со припадниците на полициските служби, Одделот за специјални полициски операции, и да се запознаат со нивните задачи, униформи, опрема, така и утрешното празнување го одбележуваме заедно со граѓаните – партнерството го промовираме на терен, за сите генерации без исклучок, затоа што секој еден граѓанин ни е важен! Се гледаме!, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…

Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…

Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…

МВР поднесе кривична пријава за насилникот од…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31)…

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…