МВР со детали: Телото на Александар дадено на обдукција
Вчеравечер на социјалните мрежи се огласија членови на семејството со објава дека, Александар за жал е пронајден починат.
Четириесет и шест годишниот прилепчанец Александар Јошески, по кого вчера се трагаше, е пронајден починат.
Од МВР за Курир велат дека пријава дека лицето е пронајдено починато добиле во 20:15 часот.
-Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат а.ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од итна медицинска помош прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Вчеравечер на социјалните мрежи се огласија членови на семејството со објава дека, Александар за жал е пронајден починат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…