МВР со кампања: „Слави со срце, не со оружје”

t

Оружјето и пиротехничките средства не се добредојдени „гости” на прославите – е главната порака на кампањата „Слави со срце, не со оружје”, која во изминатиот период ја спроведе МВР во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во рамки на активноста, полициски службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи во државата, разговараа со граѓаните и им поделија едукативен печатен материјал во кој се потенцирани последиците од употребата на оружје на семејни веселби.

-Покрај репресивните мерки кои ги преземаме, се разбира, работиме и превентивно за заеднички да ја елиминираме оваа несакана појава која за жал е присутна со години, не само во нашата држава, туку и во опкружувањето. Нашите одделенија за превенција секојдневно организираа активности на територијата на целата држава, на кои ги информиравме граѓаните за законските одредби што го санкционираат таквото однесување и казните кои се изрекуваат, а особено внимание беше посветено за опасностите од употребата на оружјето по здравјето и животот. Покрај непосредните разговори и укажувања, на граѓаните им поделивме и едукативен печатен материјал со цел да влијаеме на нивната свест, вели Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи.

Употребата на огнено оружје се санкционира по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност”, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години. Во рамки на кампањата на граѓаните им беше укажано дека славеничкото пукање може да биде фатално и да заврши со смртни случаи, повреди, оштетувања на имотот и други последици.

– Традиционално, оружјето се користи за славеничко пукање. Сигурна сум дека никој намерно не сака најсреќниот ден на едно семејство да го претвори во голема трагедија за друго, но тоа всушност може да се случи, и се случувало. Оттука, навистина е многу важно сите ние, не само да го кренеме гласот против славеничкото пукање, туку и да преземеме акција. Да преземеме одговорност и да покажеме дека најдобриот начин да се слави е со пеење и со играње, а не со пукање, рече Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на УНДП.

Превентивната кампањата „Слави со срце, не со оружје” се спроведе како дел од оперативниот план на МВР „Безбедно лето 2022″, а беше поддржана од УНДП во рамки на проектот „Прекуграничен интегриран институционален пристап во борбата со нелегална трговија со оружје и мало и лесно оружје”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…

Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…

Полицијата во периодот од 24 до 26…

МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…