Медведев: Ако украинската контраофанзива успее, мора да употребиме нуклеарно оружје
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен претседател на Русија Дмитриј Медведев преку апликацијата Телеграм го честиташе Денот на руската морнарица и во таа објава повторно се осврна на оружјето за масовно уништување и нуклеарната војна.
Имено, според Медведев, руската војска „одбивајќи ја контраофанзивата на колективниот непријател ги штити граѓаните на Русија и нашата земја“. Тој посочува дека тоа им е јасно на сите пристојни луѓе.
Медведев исто така тврди дека и руските вооружени сили спречуваат нуклеарен конфликт. „Ако замислиме дека украинската контраофанзива успее со поддршка на НАТО и дека тие окупираат дел од нашата земја, тогаш врз основа на правилата на указот на претседателот на Русија од 6 февруари 2020 година, би морале да одиме на употреба на нуклеарно оружје“.
Поранешниот руски претседател наведува дека нема друг излез.
„Затоа нашите непријатели мора да им се молат на нашите воини. Тие не дозволуваат да се разгори глобалниот нуклеарен пожар“.
Во соопштението претходно овој месец, Медведев, исто така, постави застрашувачки ултиматум до Украина.
„Или преговори или нуклеарен напад!“, рече тогаш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…