Медведев го кажа тоа што сите го премолчеа: Русија може да употреби нуклеарно оружје!
Русија може да користи секое оружје за одбрана, вклучително и стратешко нуклеарно и модерно оружје, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
„Вооружените сили на Русија значително ќе ја зајакнат одбраната на сите поврзани територии“, напиша Медведев на Телеграм, а пренесе ТАСС.
Тој додаде дека за оваа одбрана не може да се користат само мобилизациски способности, туку и секое руско оружје, вклучително и стратешко нуклеарно оружје и оружје засновано на нови технологии, пренесува Танјуг.
Претставниците на проруските власти во самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР) во Донбас во источна Украина најавија дека на тие територии од 23 до 27 септември ќе се организира референдум за обединување со Русија.
Во исто време ќе се организираат и референдуми за присоединување кон Русија во регионите Херсон и Запорожје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…