Објавено на:

Медведев: НАТО треба да се покае пред човештвото и да се распушти како криминален ентитет

t

НАТО не му е потребен на цивилизираниот свет, организацијата треба да се покае пред човештвото и да се распушти како криминален субјект, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Тој додаде дека дури и pontifex maximus (највисоката свештеничка функција во Римската Република) не може да им ги прости гревовите. Тој посочи дека НАТО секогаш заборава на државните удари што ги прави таа организација во суверени држави ширум светот.

„Од моментот на своето формирање, НАТО постојано ја докажа својата исклучително затворена корпоративна суштина, дејствувајќи во интерес на неколку англосаксонски држави и нивните потчинети. Во исто време, не повеќе од 12 отсто од светското население живее во земјите на НАТО“, напиша Медведев на каналот Телеграм.

Тој, исто така, предупреди дека во случај Алијансата да испрати системи Патриот во Украина, како и персонал на НАТО – тие веднаш ќе станат легитимна цел на руските вооружени сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…

Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…

И Македонија ќе треба да излезе од…

Русија ќе се обиде да ја искористи…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…