Медиумите контра ставовите на мнозинството, но народот сепак не пие нафта!

t

Мнозинството Американци веруваат дека соработката на Трамп со Русија е лажна приказна и дека лажни се и обвинувањата од фамозното (подоцна раскринкано) Досие Стил.

Американците исто така веруваат дека материјалите од лаптопот на Хантер Бајден се веродостојни а не се плод на „руски дезинформации.“ Со други зборови, Американците сметаат дека биле измамени со приказните за девалвирање на содржината на лаптопот, кои пред изборите во 2020. ги ширеа ЦИА и корпоративните медиуми со што му помогнаа на Бајден да победи.

Големо мнозинство Американци не се изненадени што ФБИ ја злоупотребило својата моќ и овластувања за да започне истрага Трамп-Русија и со тоа да му помогне на Бајден.

Исто така длабоко се загрижени за манипулациите на службите за безбедност со американската политика.

Значајно мнозинство Американци имаат сериозни сомнежи во менталната кондиција на Бајден и мислат дека е престар.

Илон Маск, Доналд Трамп и Рон ДеСантис се топ три омилени политички фигури во САД (после нив е Берни Сандерс).

Од другите истражувани теми во сондажата на Центарот за политички студии на Универзитетот Харвард, помалку од една третина Американци мислат дека државата им е на вистинскиот пат, две третини се убедени дека економијата оди на лошо, само 21% се надеваат дека ќе се избегне рецесија….

За Американците најважни политички теми се:
а) растот на цените и инфлацијата
б) имигрантите
в) економијата и работните места

Наспроти тоа, корпоративните медиуми упорно буткаат поинакви агенди и теми (трансџендери, колективни права, Украина…).

Затоа, воопшто не е чудно што состојбата меѓу нив и публиката е ваква:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милатовиќ му одговори на Пленковиќ: Не е…

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ изјави…

Ајде да видиме сега дали ќе крадете!…

Посебно кривично дело за злоупотреби при јавните…

Иран напаѓа?! Сирени за воздушно предупредување, дронови…

Воените бази Лејкенхит, Милденхол и Фелтвел во…

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми…

Услугите на „Мајкрософт“, меѓу кои „Аутлук“ и…

Ги тепале, ги давеле, им се потсмевале:…

Случајот со смртта на 32-годишниот поранешен атлетичар…