Мексиканската полиција пронајде 45 вреќи со човечки остатоци
Мексиканските власти кажаа дека пронашле 45 вреќи кои содржат човечки остатоци во клисура близу западниот град Гвадалахара. Полицијата ги пронашла телата додека трагала по седуммина млади службеници на центар за повици, кои се водат како исчезнати од минатата недела.
Меѓу остатоците има и мажи и жени, а точниот број тела засега не е познат. Истрагата ќе продолжи и во следните денови поради тешкиот терен и слабото осветлување.
Канцеларијата на јавниот обвинител на сојузната држава Халиско соопшти дека почнале да ја истражуваат клисурата откако добиле анонимна дојава.
„Првата вреќа беше пронајдена во вторникот, а поради непристапниот терен и недостигот на дневната светлина истрагата ќе продолжи сè додека не се најдат сите остатоци. Ќе продолжиме да работиме на утврдувањето на бројот на телата, кои биле и како починале“, објави јавното обвинителство.
Засега е непознато како телата завршиле во клисурата, но злосторствата со исчезнување се доста чести во Мексико. Според владините бројки, повеќе од 100.000 луѓе се водат како исчезнати во Мексико, од кои најголем дел се жртви на организираниот криминал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп објави нова мапа на Truth social:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, сподели мапа…
Мексикански пратеник е пронајден застрелан во својата…
Пратеник од владејачката партија Морена во Мексико…
Шестмина ранети во експлозија на автомобил-бомба пред…
Автомобил-бомба експлодирала синоќа вечерта пред во полициска…
Пет тела обесени на мост во Мексико,…
Десетмина мажи кои биле киднапирани се пронајдени…
(Видео) Откриен тунел за трговија со дрога…
На границата меѓу американската држава Калифорнија и…
