Објавено на:

Мексико ја отвора вратата за Асанж?

t

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави денеска дека ќе побара од американскиот претседател Џозеф Бајден да се справи со случајот со основачот на Викиликс Џулијан Асанж и додаде дека Мексико ќе му ги отвори вратите доколку биде ослободен.

„Ќе побарам од претседателот Бајден да се занимава со ова прашање, хуманизмот мора да надвладее“, рече Лопез Обрадор на редовната прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека Мексико може да ги „отвори вратите за Асанж“ доколку биде ослободен.

„Асанж е најдобриот новинар на нашето време во светот и беше третиран многу неправедно, полошо од криминалец. Ова е срам за светот“, изјави Лопез Обрадор.

Во петокот британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, одобри екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД, каде што ќе се соочи со обвинение за шпионажа.

САД го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, вклучително и шпионирање и хакирање државни компјутери, како и објавување на стотици илјади доверливи документи, кои, како што тврдат, ги загрозиле човечките животи.

За тие дела тој може да се соочи со казна затвор до 175 години.

Неговите приврзаници тврдат дека тој е херој на борбата против естаблишментот кој бил жртвуван затоа што ги разоткрил неправилностите на САД во конфликтите во Авганистан и Ирак и дека неговото кривично гонење е „аполитички мотивиран напад врз новинарството и слободата на говорот. “.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена ќе стане претседателка на Мексико и…

Мексико во јуни првпат во својата историја…

Бајден: Ако добијам овластување да ја затворам…

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека договорот…

Масакар во Мексико, 12 лица убиени на…

Вооружени напаѓачи убија 12 лица во неделата…

(Видео) Снимки од земјотресот во Мексико!

 Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според…

Гром уби жена и маж на плажа…

Маж што продавал лежалки на плажа и…