Мелони: Трамп нема да го анектира Гренланд, неговата изјава е порака за Кина
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони на годишната прес-конференција во Рим изјави дека САД немаат намера „насилно да ги анектираат“ Гренланд и Панамски Канал, толкувајќи ги изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп како порака насочена кон Кина.
– Исклучувам дека САД насилно ќе присоединат територии од нивни интерес во наредните години … Изјавите на Трамп првенствено претставуваат порака насочена кон другите големи сили … Зборуваме за две територии каде што влијанието на Кина расте во изминатите години, посочи Мелони, која на 4 јануари имаше средба со Трамп.
Таа се осврна и на американската поддршка за Украина, која според неа нема да се намали.
– Искрено, не гледам дека САД се повлекуваат, наведе Мелони, додавајќи дека Трамп изјавил: „Бидејќи го сакаме мирот, нема да ја напуштиме Украина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…
Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…
Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…
(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…
Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…
УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…
МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…