МЕПСО се збогати од енергетската криза

t

МЕПСО остварил дури 201,5 милиони евра приход во 2022, покажува годишниот финансиски извештај на Операторот на системот за пренос на електрична енергија. Со зголемување на салдото за 52 отсто за една година, може слободно да се каже дека оваа компанија, заедно со некои снабдувачи, се единствените „добитници“ од енергетската криза што ја зафати земјата.

Од таму признаваат дека ваквото рапидно зголемување на приходите се должи на многу повисока цена изминатиот период која ја наплатуваа снабдувачите со електрична енергија.

– Основна причина поради која вкупните приходи бележат зголемување од 52 отсто е пред се поради зголемувањето на приходите од алокацијата на прекуграничните преносни капацитети кои се реализираа во висина од 71,54 милиони евра и кои се повеќе од три и пол пати повисоки.

Повисоките вредности на елементите кои го сочинуваат балансниот механизам се резултат на енергетската криза кај нас и пошироко во регионот, поради значително повисоката набавна цена на електрична енергија на отворениот пазар, потврдува МЕПСО во извештајот.

Од алокација на прекугранични преносни капацитети, што се наплаќа од приватните снабдувачи, се заработени 71,5 милиони евра, што е за огромни 52 милиони евра повеќе за една година. Нето приходите се за 32 милиони евра повисоки во оваа категорија. Станува збор за нови правила за доделени аукции на годишно и месечнo ниво на доделување прекуграничните капацитети кои стапија на сила од 1 јануари 2022.

Освен тоа, 35,85 милиони евра се наплатени за пренос на електрична енергија по регулирана тарифа зголемена во 2022 од страна на Регулаторната комисија за енергетика за 23,77 отсто и по тој основ се собрани 7,88 милиони евра повеќе.

Зголемениот надоместок на активна електрична енергија за големите директни потрошувачи и ЕВН Електродистрибуција на МЕПСО му донел 31,6 милиони евра, односно 6,81 милиони евра повеќе.

Околу 70 милиони евра чинеле системските услуги, вклучително и наплата на отстапувања со непланирано трошење и влечење струја од надворешниот пазар. Наплатени биле 23 милиони евра како компензација за непланирано трошење на струја, што е за 17 милиони повеќе од една година претходно. Зголемената тарифа на приходите од врвната активна моќност донеле 3,85 милиони евра за МЕПSO, или за 31 отсто повеќе. 

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЕПСО е цел на кибер-напади!

Македонскиот електропреносен оператор, МЕПСО АД Скопје се…

Норвешка заработи 31 милијарда долари поради конфликтот…

Зголемените цени на енергијата поради недостигот на…

Мудис: Загрозена економската иднина на Израел

 Војната со палестинската милитантна група Хамас го…

Расте „стапката на смртност“ на бизнисите во…

Отворањата на нови компании исто така бележат…

Премиерот на Баварија: Германија е во „сериозна…

Владата на канцеларот Олаф Шолц е „целосно…