Мерис: Белгија се надева на проширување оти тоа е стратешки интерес на ЕУ

t

Одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството се принципите во сржта на она што значи Европа и ги прави врeдностите на ЕУ. Веруваме дека се тоа се уште причините поради кои земји како Македонија сакаат да и пристапат на ЕУ. Низ различни области овој концепт на демократијата на владеење на правото ќе се применува, а ќе се применува и во политиката на проширување.

Ова го истакна амбасадорот на Кралството Белгија за Република Македонија, Фредерик Мерис презентирајќи ја Програмата и приоритетите за работата на белгиското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари – јуни 2024 година, на заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции ќе бидат претставени приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ. Мотото под кое ќе се одвива шестмесечното претседавање се „заштити, зајакни и подготви“ кое меѓу другото треба да одговори и на прашањето каква Европа сакаат во иднина.

Подвлекувајќи го актуелниот контекст во кој се одвива нивното претседавање како војната во Украина, драматичната ситуција во Газа, енергетската криза, климатските промени, тој наведе дека Белгија како приоритети има шест главни теми, покрај одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството се и конкуретноста на економијата, спроведување на социјалната и здравстевната агенда за покохерентен систем во рамките на Унијата, агенда за пристап кон пазарот на трудот, борба против организираниот криминал и заштитата на граници и глобална Европа.

„Проширувањето е исто така стратешки интерес на ЕУ и Белгија се надева дека ќе се постигне напредок во таа област за време на нашето претседателство. Се надеваме дека ќе имаме меѓувладина конференција со Македонија и со Албанија. Имавме веќе таква седница со Црна Гора пред неколку седмици, и се надеваме да воспоставиме преговарачка рамка со Молдавија и со Украина. Ќе работиме исто така и на она што би можеле да го сработиме во дијалог на Косово и Србија и потоа го имаме прашањето за новиот План за раст на Западен Балкан, но мора малку да ги прилагодиме некои од оперативните насоки за тој план да функционира“, нагласи белгискиот амбасадор.

Белгија е чесен актер и знае да постигнуваме компромиси, но нагласи, тие се и многу јасни во однос на она што сакаат да го потстигнат. -Она што сакаме да го видиме е Европа заснована на демократија и владеење на правото, но за да се постигне тоа сите треба да переземе одговорност, порача Мерис.

Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека основа на евроинегративниот процес се реформите, а напредокот е потребен и може да се постигне во времето кое што преостанува за работа на овој законодавен дом, подвлекувајќи ги при тоа владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација и почитувањето на човековите права. Тој нагласи дека конструктивниот и инклузивен дијалог помеѓу сите политички партии во однос на клучните реформи е од суштинска важност за успех, а важен предуслов за одење напред, меѓу другото ги спомена и уставните измени, како и носењето на измените на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и изборот на седмиот член на ДИК.

„На крајот од мандатот на овој состав на Парламентот можеби можевме да направиме повеќе, можеби имаше одредени фрустрации но имаше и солидни постигнувања. Се надевам дека многу бргу ќе продолжиме со нашата блиска соработка“, откако народот ќе го каже својот глас, порача Гир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Остануваме на европскиот пат за да…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по враќањето од…

Рикер: Прашање на време е кога ќе…

Поранешниот шеф на УНМИК на Косово, Јоаким…

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…

Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ,…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…