Меркел наградена со највисокиот орден за заслуги на Германија
Поранешната канцеларка на Германија, Ангела Меркел е наградена со највисокиот орден за заслуги во земјата и покрај критиките за нејзиното работење во текот на 16 години поминати како канцелар.
Наградата ѝ беше врачена од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер во понеделникот вечерта во Берлин како признание за нејзиниот придонес во германскиот политички живот на настан на кој присуствуваа нејзините политички сојузници, вклучително и сегашниот канцелар Олаф Шолц, поранешниот национален фудбалер Јирген Клинсман, Улрих Матес, наградуван актер кој помогна да се подобри начинот на кој таа одржуваше говори, како и семејството и пријателите.
Гроскројц, или „голем крст“, е најважнната награда од ваков вид. Ја добија двајца претходни канцелари: Конрад Аденауер во 1954 година и Хелмут Кол во 1998 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…
Во рудниците за бакар се потребни нови…
Мерцедес ги замрзнува инвестициите во Германија: На…
Иднината на производствените капацитети на „Мерцедес-Бенц“ во…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…