Објавено на:

Мерц најавува: Црна Гора во ЕУ до 2030 година

t

Германскиот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) повика на „конкретен напредок“ во процесот на проширување на Европската Унија. Мерц оцени дека Црна Гора треба да стане членка на Европската Унија „до крајот на деценијата“, односно до 2030 година.

Според него, пристапувањето на земјите од Западен Балкан мора да се забрза. Покрај Црна Гора, во Западен Балкан се вбројуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија. Сите шест држави веќе долги години се кандидати за членство во Европската Унија, која нема примено нови членки веќе 13 години, а истакнува дека е отворена за европските држави што ги исполнуваат таканаречените критериуми од Копенхаген.

„Црна Гора го прави тоа. И тогаш и Европската Унија мора да си го одржи зборот“, нагласи канцеларот iи додаде дека земјата не смее да биде оставена во состојба на чекање само затоа што други земји сè уште не се подготвени.

Канцеларот исто така изјави дека на Украина треба „брзо“ да ѝ се овозможат механизми за приближување кон Европската Унија. Во тој контекст тој потсети на својот претходен предлог за „асоцирано членство“ на Украина, што би можело да ѝ овозможи на земјата, на пример, статус на набљудувач на седниците на Советот на ЕУ.

Според Мерц, Киев веќе постигнал „значителен напредок во реформите“.

Германија бара буџетот на ЕУ да се намали за стотици милијарди евра

Мерц побара и „неопходни“ заштеди во износ од неколку стотици милијарди евра во следната Повеќегодишна финансиска рамка (МФР) на Европската Унија.

На заедничката прес-конференција со ирскиот премиер Мајкл Мартин во Даблин, германскиот канцелар вчера изјави дека е потребен буџетски предлог „со намалувања во сите области“.

Причина за посетата беше преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Ирска на 1 јули.

Европската комисија предложи финансиска рамка во вредност од речиси два билиони евра за периодот од 2028 до 2034 година, сума што Мерц претходно ја оцени како „далеку превисока“.

Тој му се заблагодари на ирскиот премиер Мартин за неговиот „личен ангажман во ова многу тешко прашање“. Ирска во текот на шестмесечното претседателство ги води преговорите за новата финансиска рамка.

Фридрих Мерц повтори дека Германија не се согласува со актуелните предлози.

„Не можеме да прифатиме толку големо и широко проширување на европскиот буџет“, изјави тој.

Според германскиот канцелар, предложените бројки не се избалансирани.

„Поради тоа ни е потребен буџетски предлог со намалувања во сите области, и тоа во вкупен износ од неколку стотици милијарди евра“, нагласи Мерц.

Тој додаде дека крајниот договор мора да биде во согласност со потребите на Европската Унија, но истовремено и финансиски одржлив за германскиот државен буџет.
Германија е најголемиот нето-придонесувач во буџетот на Европската Унија.

Канцеларот потсети дека германската влада во наредните четири години планира да намали осум проценти од работните места во сојузната администрација.

„Не е прифатливо на европско ниво да се создаваат 2.500 нови работни места“, порача Мерц.

Извор: DW

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мерц најавува: Црна Гора во ЕУ до…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) повика на…

Со два милиони евра грант од ЕУ…

Царинската управа започнува со имплементација на еден…

Рангирање на богатство по возрасен човек: Како…

Европа има силно присуство на глобалната листа…

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД…

Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ се…

Муцунски за деблокадата на македонскиот евроинтеграциски процес:…

Владата во последните две години не престана…