Меси имал афера со аргентинската новинарка Софија Мартинез !?

t

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси и неговата сопруга Антонела Рокузо доживуваат криза во нивната врска, пренесува бразилското издание „Terra“, повикувајќи се на шпански извори.

Изданието тврди дека фудбалерот имал афера со аргентинската новинарка Софија Мартинез, поради што бракот на двојката е на работ на колапс.

На оваа информација одговори сопругата на поранешниот играч на Барселона, Францеск Фабрегас, Даниела Семаан, која е блиска до семејството Меси.

– Каква вест е ова? Глупости, каде што нема ништо вистина. Имајте на ум дека шпанските извори на кои се повикува бразилското издание не се именувани, што фрла сомнеж врз оваа информација, напиша сопругата на Фабрегас на социјалните мрежи.

Меси и Рокузо се во врска од 2008 година, а парот се венча во 2017 година. Триесет и шестгодишниот Аргентинец игра за Интер Мајами од јули 2023 година. Во текот на кариерата играше и за Барселона и ПСЖ. Меси е сопственик на осум Златни топки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…

Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…

148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…

„Вие само ќе треба да му кажете…

Радовишанец им се заканувал на вработени во…

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…

Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…

Најмалку шест лица се убиени, а 16…