Меси призна: Многу ми недостига Барселона

t

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси во моментов го носи дресот на Интер Мајами, но најубавите моменти од кариерата ги помина во Барселона и тоа нема никогаш да го заборави.

Меси во интервју за каталонските медиуми кажа дека по завршување на кариерата не сака да живее во Аргентина, туку сака да се врати во Барселона, која многу му недостигала.

„Планирам да се вратам со сопругата и децата во Барселона и таму да живееме. На сите ни недостига Барселона. Моите деца сакаат да живеат во Каталонија. Тоа место го чувствувам како мој дом“, кажа Меси.

Аргентинецот со каталонскиот гигант освои голем број титули, а за екипата одигра 778 натпревари и постигна 672 голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…

Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…

Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…

Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…

Резеврите на злато, кои се дел од…

Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…

Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…

Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…