Мета отпушта 3.600 вработени

t

Компанијата Мета почна да испраќа известувања за отпуштања на вработени во САД, што може да доведе до укинување на илјадници работни места до крајот на месецот.

Ова е дел од процесот за време на кој американскиот технолошки конгломерат сака да создаде услови за поефикасни операции и „да најде нови таленти кои ќе доминираат во трката за побрза вештачка интелигенција (ВИ), објави Блумберг.

Работниците во САД беа известени за отпуштањата преку е-пошта, а на вработените им беа понудени пакети за отпремнини кои вклучуваат 16 недели плата, како и две недели, или неделна плата, за секоја година работен стаж.

Вработените кои заработија бонуси и награди ќе продолжат да ги добиваат до крајот на месецот.

Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, претходно им кажа на вработените дека Мета ќе укине пет отсто од своите работни места или речиси 3.600 луѓе, и дека фокусот ќе биде на персоналот кој „не ги исполнува очекувањата“, објави Блумберг во средината на јануари.

Закерберг потоа објави дека вработените во Мета во САД ќе бидат известени на 10 февруари, додека персоналот во останатиот дел од светот може да дознае малку подоцна.

Во посебна порака до менаџерите, тој изјави дека намалувањето на бројот на вработени ќе и овозможи на компанијата „да ги ангажира најголемите таленти“.

Закерберг кон крајот на јануари истакна дека Мета предвидува дека ќе потроши стотици милијарди долари на инфраструктура за вештачка интелигенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германските истражители идентификувале осомничени за нападот со…

Германските истражители идентификувале двајца мажи кои се…

Односите меѓу Москва и Берлин се на…

Некогашните односи за пример меѓу Русија и…

Големо невреме со град и силен ветер…

Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд,…

Трамп предлага Ормутскиот Теснец да се преименува…

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормутскиот Теснец…

Вучиќ го одложи митингот на СНС во…

Српскиот претседател Александар Вучиќ го одложи митингот…