Мехмедовиќ: Состојбата со Ковид-19 е стабилна, бројот за заразени е значително намален, а смртните случаи се вистинска реткост

t

Состојбата со Ковид-19 е стабилна, бројката е значително намалена, а смртните случаи се вистинска реткост, изјави за 24 Инфо портпаролот на комисијата за заразни болести, Д-р Злате Мехмедовиќ.

-Во моментов состојбата со Ковид-19 е стабилна. Неделно имаме по 30-на пациенти позитивни на корона. Дел од нив се со посилни симптоми и се хоспитализирани во инфективните клиники и се со кислородна поддршка, вели Мехмедовиќ.

Оној мал број на смртни случаи на лица заразени со Ковид-19, доктор Мехмедовиќ вели дека главната причина не е коронавирусот туку некоја друга болест.

-Некогаш може да се случи во текот на неделата да нема смртни случаи, оние што се смртни случаи некогаш еден случај во текот на неделата се со изразен број на коморбидитети кои што основната причина за смртта е некоја друга болест, вели Мехмедовиќ.

Според него, досегашните мерки се доволни и нема потреба за нивно дополнување во пресрет на новогодишните и божиќните празници и апелира истите да се почитуваат.

-Не можеме да прогнозираме ништо каква ќе биде клиничката слика по новогодишните празници, на сила остануваат оние четири мерки кои што комисијата ги остави во текот на летните месеци а тоа се да се носат маски во здравствените установи, во аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз и апелирам истите да се почитуваат, рече Мехмедовиќ.

Тој додаде извештаи за Ковид-19 ќе се објавуваат неделно, бидејќи нема потреба за дневни извештаи бидејќи бројките со новозаразени се премали.

-Ние како комисија за заразни болести препорачавме до министерството за здравство да се објавуваат неделни извештаи за Ковид-19 наместо дневните извештаи како што беше пракса порано. Сепак не сум запознаен дали министерството ги објавува тие извештаи, вели Мехмедовиќ.

Иако беше најавено, Министерството за здравство не ги објавува извештаите, па последниот датира од 7 ноември.

Според истиот, досега во земјата се направени вкупно 2.186.573 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.342, бројот на оздравени пациенти е 334.556, на починати е 9.572, а бројот на активни случаи изнесува 214.

За разлика од Македонија, во останатите земји од регионот се достапни информаиите, па вчерашните бројки на позитивни на коронавирусот на Балканот гласеле: Србија 368, во Хрватска 272, Aлбанија 17 новозаразени, Словенија 471, Црна Гора 19 позитивни, Бугарија 41.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата…

Од понеделник, 29 април, заклучно со 6…

Малолетник силувал малолетно девојче во Струмица

Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека…

Денеска се одбележува 38 годишнината од нуклеарната…

Денес светот ја одбележува 38-годишнината од најголемата…

Крим главна цел: Пентагон откри за што…

Министерството за одбрана на САД ја појасни…

Mу го планираат погребот: Здравјето на кралот…

Здравствената состојба на кралот Чарлс ги загрижи…