Меџити и Таравари во кафана со службено возило и обезбедување!

t

Со службено возило и обезбедување вицепремиерот Изет Меџити и министерот за здравство Арбен Таравари вечерва се забележани во Скара Бар во Скопје.

Фотографијата до нашата редакција ја испратија читатели кои информираат дека со Меџити и Таравари имало присутно и службено обезбедување.

Инаку претходно директорот на СОЗР, Ивица Томовски најави дека нема да има злоупотреба на службени возила.

Ова не е прв случај на злоупотреба на службени возила.

И за овој случај, како и за многу други би требало да реагира Државната комисија за спречување на корупцијата бидејќи и вицепремиерот и директорот злоупотребуваат државни ресурси за партиски цели. Вицепремиерот би требало да се опомени и сам себеси, бидејќи е задолжен за добро владеење и следење и спречување на вакви ситуации, освен ако заради непознавањето на македонскиот јазик не разбрал погрешно, па наместо да спречува поттикнува злоупотреба на државните ресурси.

Претходно сличен случај имаше и со спикерот Гаши кој со службено возило одеше на свадба во Косово, спикерот ја помина и границата без проверка на документите, а иста привилегија добија и неговите свадбари, но и за тој случај не реагираше ниту една институција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити го сака Чаир со срце, но…

Иако постојано јавно изјавува дека „Чаир го…

Мицкоски стана слуга на ВЛЕН

Мицкоски молчи пред криминалот на ВЛЕН, а…

А да ги ѕирнеше дивоградбите во Чаир?…

Вицепремиерот и министер за животна средина и…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

Таравари: Одиме со посебни советнички листи и…

Засега имаме сигурна одлука дека одиме со…