„Меџити најавува вдомување на 3.000 партиски кадри во администрацијата, додека ДПМНЕ на ангро вработува, синови, сестри, тетки и стрини“

t

„Коалиционите партнери во власта, ВЛЕН, ДПМНЕ и ЗНАМ, државата ја третираат како партиски пашалак за задоволување на нивните партиски и бизнис интереси. Меџити гордо најавува вдомување на 3.000 партиски кадри во администрацијата додека ДПМНЕ на ангро вработува, синови, сестри, тетки и стрини на нивните партиски функционери“, соопштија од СДСМ.

„Ова е директна потврда на предупредувањата на СДСМ за масовна партизација на институциите од страна на ВЛЕН и ДПМНЕ.

Овој дил на Мицкоски и Меџити, претставува целосно отстапување од ветувањата за мерит-систем, професионализација и праведна држава.

Масовната партизација на институциите пред изборите ќе значи претворање на јавната администрација во партиски штабови.

Додека граѓаните мака мачат со катастрофалната економска состоја, додека младите масовно се иселуваат власта се грижи само за тоа колку партиски војници ќе вдоми на грбот на народот.

СДСМ бара итно стопирање на сите партиски вработувања и темелна проверка за можен организиран план за масовна партизација.

Македонија не смее повторно да стане заробена држава на ВЛЕН и ДПМНЕ“, додаваат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…

СДС се познати по пропаѓањето на банки…