Објавено на:

Меџити: Ново поглавје за Албанците во Македонија, Вреди се обедини во една политичка сила

t

Еден од лидерите на Вреди, Изет Меџити, објави дека започнува ново политичко поглавје за Албанците во Македонија, најавувајќи обединување во една политичка сила под името „Вреди“.

Во објавата, Меџити порача дека ова не е само политичка одлука, туку историски момент кој, како што наведува, не бил создаден „со калкулации, туку со верба“, и не со поделби, туку со обединување.

„Од многу гласови – еден глас. Од многу партии – една сила. Од надеж – победа“, напиша Меџити, нагласувајќи дека „Вреди“ треба да стане заеднички албански политички фронт.

Тој во пораката истакнува дека новото обединување не е создадено за „поделба на функции и фотелји“, туку за, како што наведува, „промена на албанската политичка историја“.

Според Меџити, Албанците повеќе не сакаат изговори, туку конкретни резултати, развој, нови работни места и политичка сила која реално ќе одлучува.

„Албанците сакаат политика што навистина ги претставува и албанска моќ што одлучува. А таа сила денес има име – Вреди“, порача тој.

Во објавата се потенцира и дека времето на поделби завршува, а започнува период на политичко обединување и заедничка борба.

„Времето на распарчување заврши. Дојде време Албанците да се обединат. Дојде време Албанците да победуваат“, наведува Меџити.

Тој пораката ја завршува со оценка дека ова не е почеток само на нова партија, туку „почеток на нова албанска ера“.

Најавата доаѓа во период на интензивни политички преструктуирања на албанскиот политички блок во Македонија, а останува да се види како ќе се реализира процесот на обединување и какви ќе бидат идните политички чекори на „Вреди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца функционери на Вреди биле задржани на…

Тројца функционери на партијата Вреди, координаторот на…

Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…

Вреди обвини дека дел од студентските протести…

ДУИ: ВЛЕН избра двајца кормилари на бродот…

Вчерашниот чин, каде што неколку политички субјекти…

Меџити: Ново поглавје за Албанците во Македонија,…

Еден од лидерите на Вреди, Изет Меџити,…

Вреди одржува прв конгрес како партија, меѓу…

Коалицијата Вреди попладнево во Скопје одржува Конгрес…