Меџити: Полицаецот што го тргна албанското знаме во Куманово ќе одговара

t

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, најави санкции за припадникот на полицијата, кој на 28 ноември го тргна албанското знаме од столб и потоа го фрли на земја.

„Побаравме да се покрене дисциплинска постапка и да се преземат мерки за одговорност против полицаецот во Куманово, кој, наместо да го одржува редот, се вмешал во нешто што не е во негова надлежност. Поставувањето и отстранувањето на знамињата е обврска на општината, во овој случај Општина Куманово, или на јавното претпријатие во општината, или во некои случаи на приватните претпријатија кои се во служба на општината или ја презеле таа задача, но не и на
полицијата. Затоа, овде нема да има компромис, туку секој што го прекршил законот ќе сноси одговорност, и оваа порака нека ја разберат сите“, изјави Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…

Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…

Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…

Злато за Македонија – Узеир е европски…

Македонија го освои првиот златен медал на…

Мицкоски: Повеќе од 6% раст во туризмот,…

Премиерот Христијан Мицкоски ги квалификува како прилично…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…