Милевски: Македонија мора да игра похрабро, а за пеналите и судиите – немам коментар!
Репрезентацијата на Македонија попладнево загуби во пријателската средба кај Чешка (1-2) во меч во кој главна ѕвезда беше судијата Оченаш (Словачка), кој му подари два пенали на домаќинот од кои вториот во 99. минута иако покажа продолжување од седум минути.
Селекторот Благоја Милевски, сепак, по средбата не сакаше да го коментира однесувањето на делителите на (не)правдата.
„Немам коментар за пеналите и за судењето, тоа е работа на ВАР и на делителите на правдата. Немам што повеќе да кажам за ова“, потенцира предводникот на македонскиот избран тим.
Тој потоа направи анализа на случувањата на теренот.
„Им честитам на моите момци, посебно за одиграното второ полувреме. Имавме корекции кои ги направивме на полувремето, бидејќи во првото не функциониравме како што треба. Жалам што не почнавме да играме на овој начин малку порано, ни фали самодовербата со топката во нозе. Кажав и пред натпреварот дека не очекува многу различен ривал од Хрватска. Играта на Чешка се базира на трка и на сила, на тоа требаше да одговориме. Во поголемиот дел од мечот сум задоволен како одговоривме на тоа, но кога имавме посед, требаше да бидеме малку похрабри“, дополни Милевски.
За Македонија ова беа последни контроли пред стартот на Лигата на нации и дуелите против Фарски острови и Ерменија на почетокот од септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За што навистина ја гонат Ива Михајлова:…
Еден загинат, тројца повредени, директен судир на…
Нетанјаху бара нови удари врз Иран пред…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изминатите две…
Србија го сруши рекордот: Резервите на злато…
Резеврите на злато, кои се дел од…
Трамп: Премногу далеку отидовме со нападите, веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон…
Американски конгресмен предупредува: Русија или Кина би…
Американскиот конгресмен Ерик Бурлисон предупреди дека САД…