Милевски: Малта нѐ намачи и во Скопје, ова е најважниот меч за нас!

t

После ремито 1-1 со Италија пред два дена, македонската фудбалска репрезентација ја очекува утревечер нов предизвик, против аутсајдерот во грипата Малта, која во март во Скопје ја победивме со 2-1, но жилав отпор дадоа малтежаните, па затоа селекторот Благоја Милевски побара максимална концентрација и без опуштање, иако квалитетот јасно е на наша страна.

За Милевски мечот со Малтежаните е најважниот во овие квалификации, зашто повторно ќе нѐ врати во игра за висок пласман, а сега после ремито со „аѕурите“ уште поголема е самодовербата во националниот тим, без оглед што Столе Димитриевски поради повреда нема да брани.

„Италија е зад нас, сета концентрација после тој меч е само на Малта и веднаш е почната и подготовката за овој меч. Јас се надевам дека ќе бидеме спремни. Малта во Скопје покажа дека е квалитетен и организиран тим, кој е борбен и агресивен, ни зададоа доста маки, така да не смее да се опуштаме. Ова е најважниот меч во овие квалификации, момците се свесни што може да ни донесе победата, а плус треба да ја задржиме одличната атмосфера и тимскиот дух“, вели Милевски.

Селекторот посочи дека лекарскиот тим е тој што го крои составот за утрешниот меч, после исцрпувачкиот дуел со Италијанците, но и фактот дека Аријан Адеми има болка во листот, Дарко Велковски поради мускулна повреда не беше ни во конкуренција за претходниот дуел…

„Сите се во функција на тимот, сите играчи се подготвени да го дадат максимумот, но крајниот збор ќе го има лекарскиот тим, за тоа кој колку ќе биде употреблив за утрешниот меч“, додаде Милевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата бара итно мислење од Венециската комисија…

Владата на денешната седница ја усвои потребата…

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Според локалните медиуми, кривичната постапка под број…

„УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА ЗГАСНАТ?“ –…

„До кога ќе ни се повторуваат трагедии…

Сејф сити“ ќе ја покрие цела Македонија

Министри, директори и црковни лица – никој…

Кина собори економски рекорд: Трговскиот суфицит надмина…

Кинескиот трговски суфицит достигна 1,04 трилиони долари…