Објавено на:

Миленковски: Целиот труд кој го имавме во изминатиот период наиде на препознавање, горд сум, бидејќи Вардар има светла иднина

t

Вардар од денеска и официјално има генерален спонзор, потпишан е договорот со Новоматик кој за црвено-црните во новата сезона ќе одвои еден милион евра.

„Ова е посебен момент за нас кој предивикува многу емоции, ова го чекавме долго време. Целиот труд кој го имавме во изминатиот период наиде на препознавање, горд сум, бидејќи Вардар има светла иднина. Ваквите моменти немавме навика да ги гледаме досега, потпишуваме договор за главно спонзорство, токму ова ни требаше. Да влезе ваква компанија која ќе биде тригер и за други копании.

Ова ни е важно бидејќи се случува на стартот од сезоната, бидејќи утре тргнуваме на подготовки. Да кажам со речникот на спонзорот ние влеговме ол-ин во овој проект и на крајот победивме. Ова е победа за Вардар, Новоматик и сите оние кои беа и се дел од клубот. Вардар повторно се враќа на големата сцена, Вардар е најголем бренд македонски, се надеваме дека за брзо време ќе биде и најголем амбасадор надвор од границите на Македонија“, изјави Миленковски.

Милорад Миленковски потенцираше дека истата екипа која во изминатите години го водеше Вардар ќе продолжи да го прави тоа, само што сега ќе биде засилена со партнери кои ќе вложуваат во клубот.

https://www.instagram.com/p/C9MxwO2sS0p/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тинејџер планирал киднапирање на Мбапе

Француската јавност е вознемирена по откривањето на…

Го претепал и повредил својот 74-годишен татко,…

На 01.09.2026 во 21:00 часот во радовишко…

Мицкоски бара Бугарија да го испорача бегалецот…

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека…

Мицкоски: Владата сега се задолжува за да…

По обвинувањата од опозицијата дека Владата за…