Милиони млади под ризик: Дигиталните медиуми се поврзуваат со лош сон и ментални проблеми

t

Прекумерната употреба на дигитални медиуми кај младите е поврзана со проблеми со менталното здравје, нарушен сон и намалена физичка активност, покажува серија од три научни трудови објавени во медицинското списание „Лансет“.

Меѓународниот тим истражувачи анализирал податоци од истражувачки прегледи кои опфаќаат околу девет милиони лица помлади од 25 години. Авторите оценуваат дека поврзаноста меѓу интензивната употреба на дигитални медиуми и здравствените проблеми е умерена, но предупредуваат дека е потребна поголема глобална реакција.

Професорката Илона Кикбуш од Швајцарската лабораторија за дигитални трансформации во здравјето – DTH-Lab, посочува дека дигиталните медиуми станале неразделен дел од животот на младите, додека технолошките компании развиваат бизнис модели насочени кон задржување на вниманието и собирање податоци.

Истражувачите нагласуваат дека проблемот не е само времето поминато пред екран, туку и начинот на кој се дизајнирани платформите. Д-р Џеј Шо од Универзитетот во Торонто како примери ги наведува бесконечното скролување, автоматското пуштање содржини и персонализираните препораки, кои се создадени за корисниците да останат што подолго на платформите.

Според проценки на истражувачите, повеќе од два часа дневно пред екран би можеле да бидат поврзани со значителни здравствени последици на глобално ниво. Д-р Фалк Милер-Рименшнајдер од Националниот универзитет во Сингапур, сепак, нагласува дека ваквите пресметки се само илустрација на можниот обем на штетата и не треба да се сметаат за прецизно мерење.

Авторите предлагаат технолошките компании да бидат обврзани да ја проценуваат потенцијалната штета од новите производи и да споделуваат повеќе податоци со независни истражувачи.

Сепак, Луиз Холи од британската филијала на DTH-Lab предупредува дека досегашните докази не утврдуваат директна причинско-последична врска, туку покажуваат поврзаност.

Слични резултати беа објавени и во голема студија во списанието „JAMA Pediatrics“, која анализираше податоци од повеќе од 2,8 милиони деца во 64 земји. Истражувањето покажа дека поголемото време поминато пред екран за игри, социјални мрежи и стриминг е поврзано со послаби училишни резултати, доцнење во развојот на јазикот и поголеми социо-емоционални тешкотии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милиони млади под ризик: Дигиталните медиуми се…

Прекумерната употреба на дигитални медиуми кај младите…

(Видео) Крај на старата слика на Бит-пазар:…

Град Скопје започна со активности за уривање…

(Видео) Темелно се чистат Камениот мост и…

Град Скопје започна со темелно уредување и…

Ученичките протести во Франција ескалираа: 15-годишник остана…

Ученичките протести во Франција за подобри услови…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…