МИЛИОН И 700.000 евра за три дена: Општина Аеродром со нови тендери за „Пирамид Билдинг“

t

Во три дена 103,3 милиони денари или речиси милион и 700.000 евра доби компанијата Пирамид Билдинг Солушнс и тоа од само една општина.

На веб-страницата за јавни набавки се објавени два договори склучени меѓу Пирамид Билдинг и Општина Аеродром.

Едниот склучен на ден 07.10.2025 година во вредност од речиси 99 милиони денари е за „реконструкција на мултифункционален центар“ прва фаза, додека другиот склучен на 09.10.2025 година во вредност од 4,4 милиони денари за одржување на пешачки патеки и јавни површини.

За реконсктрукцијата на мултифункционален центар во тенедерската документација се бара потребно искуство:

  • Минимум 3 (три) реализирани договори за реконструкција, доградба или надградба на објекти од високоградба – училишта, градинки, објекти од јавен карактер,од кои минимум 1 (еден) реализиран договор со вредност не помала од 90.000.000,00 денари со ДДВ во последните 5 (пет) години сметано од денот на јавното отворање.
    Персонал:
    Од персоналот кој ќе биде вклучен во набавката и ќе биде на располагање (ангажиран) за цело времетраење на предметната набавка, економскиот оператор треба да располага со минимум 30 лица од кои:
  • минимум 2 (два) дипломирани градежни инженери со овластување Б за изведба од областа на градежништвото од кои минимум 1 (еден) со хидротехничка насока и 1 (еден) со конструктивна насока,
  • минимум 1(еден) инженер архитект со овластување Б за изведба од областа на архитектура,
  • минимум 1(еден) машински инженер со овластување Б за изведба од областа на машинство,
  • минимум 1 (еден) инженер од електротехничка струка со овластување Б за изведба од областа на електротехниката,
  • минимум 1(едно) стручно лице за безбедност при работа со уверение за положен стручен испит, издадено од Министерство за економија и труд на РСМ,
  • минимум 2 (двајца) ракувачи со градежни машини,
  • минимум 8 (осум) тесари,
  • минимум 7 (седум) армирачи,
  • минимум 3 (тројца) бравари,
  • минимум 4 (четири) монтери на скеле.
    Потребна опрема:
    Да располага со следната техничка опрема:
  • минимум 2 (два) камиони кипери,
  • минимум 1 (еден) утоварувач со тежина до
    максимум 6 тони,
  • миниму 1(една) виброжаба,
  • минимум 1(една) виброплоча,
  • минимум 1(еден) компресор со 2 пикамери
  • скеле минимум 2700 м2.

На овој оглас се пријавиле две компании.

За тендерот за одржување на јавни површини се бара понудувачот да има успешно искуство во минимум 3 (три) изведени работи од предметната област на набавката (изработка, реконструкција и/или одржување на пешачки патеки и јавни пешачки површини) со вкупна вредност на извршените работи/договори од минимум 6.000.000,00 денари, реализирани во последните 5 (пет) години од денот на отварање на понудите, од кои 1 (една) од извршените работи да биде со минимум вредност од 3.000.000,00 денари.

Минимум 1 (еден) градежен инженер или инженер архитект –со овластување Б за изведба од областа на градежништвото или архитектурата издадено од Комора за овластени архитекти и инженери на РСМ;

Минимум 1 (еден) геодетски техничар или геодетски инженер;

Минимум 5 (пет) ВКВ или КВ работници од предметната област на набавката.
Понудувачот треба да ја има во сопственост или да располага со следнава техничка опрема за
цело времетраење на рамковната спогодба:

Минимум 1 вибро плоча

Минимум 1 камион кипер со носивост од минимум
10 тони;

Минимум 1 ваљак со носивост од минимум 3 тона;

Минимум 1 ровокопач;

Минимум 1 виброжаба;

На овој оглас се јавил само еден понудувач.

Оваа компанија и претходно добиваше милионски тендери од Општина Аеродром. Прочитајте повеќе на линковите во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МИЛИОН И 700.000 евра за три дена:…

Во три дена 103,3 милиони денари или…

„Стоп за Вардариште“: Вечерва дојдете на последна…

Иницијативата „Стоп за Вардариште“ на својот Фејсбук…

Д-р Трајановски: За првпат ќе формираме општинска…

Општинска медицинска помош ќе биде еден од…

Д-р Трајановски: Ќе покажеме дека младите се…

Аеродром ќе биде транспарентна Општина чиј приоритет…

Д-р Трајановски: Субвенции и финансиска поддршка за…

Еден од приоритетите на Општина Аеродром мора…