МИЛИОН И 700.000 евра за три дена: Општина Аеродром со нови тендери за „Пирамид Билдинг“
Во три дена 103,3 милиони денари или речиси милион и 700.000 евра доби компанијата Пирамид Билдинг Солушнс и тоа од само една општина.
На веб-страницата за јавни набавки се објавени два договори склучени меѓу Пирамид Билдинг и Општина Аеродром.
Едниот склучен на ден 07.10.2025 година во вредност од речиси 99 милиони денари е за „реконструкција на мултифункционален центар“ прва фаза, додека другиот склучен на 09.10.2025 година во вредност од 4,4 милиони денари за одржување на пешачки патеки и јавни површини.

За реконсктрукцијата на мултифункционален центар во тенедерската документација се бара потребно искуство:
- Минимум 3 (три) реализирани договори за реконструкција, доградба или надградба на објекти од високоградба – училишта, градинки, објекти од јавен карактер,од кои минимум 1 (еден) реализиран договор со вредност не помала од 90.000.000,00 денари со ДДВ во последните 5 (пет) години сметано од денот на јавното отворање.
Персонал:
Од персоналот кој ќе биде вклучен во набавката и ќе биде на располагање (ангажиран) за цело времетраење на предметната набавка, економскиот оператор треба да располага со минимум 30 лица од кои: - минимум 2 (два) дипломирани градежни инженери со овластување Б за изведба од областа на градежништвото од кои минимум 1 (еден) со хидротехничка насока и 1 (еден) со конструктивна насока,
- минимум 1(еден) инженер архитект со овластување Б за изведба од областа на архитектура,
- минимум 1(еден) машински инженер со овластување Б за изведба од областа на машинство,
- минимум 1 (еден) инженер од електротехничка струка со овластување Б за изведба од областа на електротехниката,
- минимум 1(едно) стручно лице за безбедност при работа со уверение за положен стручен испит, издадено од Министерство за економија и труд на РСМ,
- минимум 2 (двајца) ракувачи со градежни машини,
- минимум 8 (осум) тесари,
- минимум 7 (седум) армирачи,
- минимум 3 (тројца) бравари,
- минимум 4 (четири) монтери на скеле.
Потребна опрема:
Да располага со следната техничка опрема: - минимум 2 (два) камиони кипери,
- минимум 1 (еден) утоварувач со тежина до
максимум 6 тони, - миниму 1(една) виброжаба,
- минимум 1(една) виброплоча,
- минимум 1(еден) компресор со 2 пикамери
- скеле минимум 2700 м2.
На овој оглас се пријавиле две компании.
За тендерот за одржување на јавни површини се бара понудувачот да има успешно искуство во минимум 3 (три) изведени работи од предметната област на набавката (изработка, реконструкција и/или одржување на пешачки патеки и јавни пешачки површини) со вкупна вредност на извршените работи/договори од минимум 6.000.000,00 денари, реализирани во последните 5 (пет) години од денот на отварање на понудите, од кои 1 (една) од извршените работи да биде со минимум вредност од 3.000.000,00 денари.
Минимум 1 (еден) градежен инженер или инженер архитект –со овластување Б за изведба од областа на градежништвото или архитектурата издадено од Комора за овластени архитекти и инженери на РСМ;
Минимум 1 (еден) геодетски техничар или геодетски инженер;
Минимум 5 (пет) ВКВ или КВ работници од предметната област на набавката.
Понудувачот треба да ја има во сопственост или да располага со следнава техничка опрема за
цело времетраење на рамковната спогодба:
Минимум 1 вибро плоча
Минимум 1 камион кипер со носивост од минимум
10 тони;
Минимум 1 ваљак со носивост од минимум 3 тона;
Минимум 1 ровокопач;
Минимум 1 виброжаба;
На овој оглас се јавил само еден понудувач.
Оваа компанија и претходно добиваше милионски тендери од Општина Аеродром. Прочитајте повеќе на линковите во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Птица заглавена во моторот спречи авион да…
Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…
(Видео) Вандализам во Аеродром: Млади луѓе кршат…
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Иран го нападна аеродромот во Кувајт,…
Меѓународниот аеродром во Кувајт беше погоден од…
Освен Богоев, приведени се и три други…
Ексградоначалникот на Општина Карпош и поранешен директор…