Милошоски: Во ОВИЕ ОКОЛНОСТИ сме против внесување на Бугарите во Уставот

t

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели во овие околности тој и пратениците од неговата партија се против внесување на Бугарите како посебен народ во македонскиот Устав.

-Сметаме дека ова барање не е случајно и не е последно барање. Тоа ќе биде само почеток на едни сизифовски маки и лавиринти, каде ние ќе разговараме за името на гимназијата „Георги Димитров“, училиштето „Димитар Влахов“, Кирил Пејчиновиќ, браќата Миладинови и други, рече Милошоски.

Според него, „СДСМ реагира на тоа дека не се за доволни зошто се отвораат на бугарски клубови, но не реагира на основниот проблем – Договорот за добрососедство“.

-Нека има референдум и нека кажат граѓаните, нека гласаат, побара Милошоски во емисијата „24 анализа“.

Се поставува прашањето, бидејќи Милошоски и останатите претставници на ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека под вакви околности нема да гласаат за промена на Уставот, под какви услови би гласале за внесување на Бугарите во Уставот?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И од Бугарија бегаат криминалци: Двајца обвинети…

Двајца мажи со германски пасоши, осомничени за…

(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…

ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…

Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…

Интензитетот на нападите во Црното Море се…

(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…

Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…