Милошоски: Обвинителството да го преиспита решението за скандалот „Мазут“
Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара од обвинителството да го преиспита решението за скандалот „Мазут“ и да донесе корекција на решението за прекин на истрагата од Коларевиќ и Абази.
„Денес уште еднаш сакаме да потсетиме на еден нов момент поврзан со случајот Мазут и со контроверзната одлука за прекинување на истрагата донесена од обвинителскиот тандем Коларевиќ и Абази, коишто делуваат во овој случај како заштитници на нивните покровители блиски до СДС и ДУИ.
Јавноста е сведок дека сега имаме и официјален приговор од ЕСМ којшто се однесува на неправилно ценење на доказите кои што ги наведе обвинителката Коларевиќ за прекинување на истрагата мазут. Овој приговор од ЕСМ е доказ дека обвинителката Коларевиќ постапила непрофесионално, а Ислам Абази ја потврдил оваа контроверзна одлука за скандалот Мазут, којшто е тежок 167 милиони евра набавки на мазут за ТЕЦ Неготино.
Ова потврдува дека истрагата којашто ја водела обвинителката Коларевиќ била претежно паушална и дел од доказите за кривичната одговорност неосновано иземала како изговор за прекинување на постапката.
Приговорот на ЕСМ до Вишото јавно обвинителство дава правна можност за преиспитување на решението за скандалот Мазут и за корекција на ова контроверзно решение за прекин на истрагата од Коларевиќ и Абази. Приговорот на ЕСМ е нова околност според којашто прекинатата истрага за мазут може да продолжи, бидејќи ЕСМ е оштетено правно лице коешто ги побива изјавите на Коларевиќ и Абази како обвинителски тандем којшто им дал повластена улога и им поклонил поголема верба на исказите на Капушевски, Јахоски, Адријан Муча, Ерџан Сулкоски, а воопшто го немале ниту достапен Васко Ковачевски.
И затоа сметаме дека е време самото обвинителство да си ги искористи своите средства, своите институции за да ја коригира ваквата контроверзна и лукративна одлука на обвинителскиот тандем Коларевиќ и Абази.
Време е обвинителството да нема свои повластени бизнис или политички партнери и сите оние за коишто постои основан и сериозен сомнеж за незаконито дејствување при набавката на мазутот 167 милиони евра да одговараат како и секој друг осомничен и да имаат можност своите докази да ги изнесат пред судските органи“, изјави Милошоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за предметот со…
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ЕСМ вложило…
Ахмети се жали во амбасадите за случајот…
ДУИ ја информирале целата локална и меѓународна…
ЕСМ ќе се жали на одлуката на…
АД ЕСМ сè уште не го доби…
Обвинителството не може да си ги обезбеди…
Само една девојка, преживеана во кочанската трагедија,…
Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…