Мило ми е HATO ама и рускиот гас: Владата преговара со Газпром за да граѓаните не добијат cpцев yдap од новите цени на парното

t

По најавите за вртоглаво поскапување за цената на парното вистинска паника владее кај граѓаните кои ги загреваат домаќинствата преку централниот градски систем за греење.

Паника владее и на Илинденска, односно и во Владата поради фактот што ваквото поскапување на парното ќе предизвика вистински ценовен шок кој ќе го намали и онака катастрофалниот рејтинг на власта.

Неофицијално од Регулаторната комисија за енергетика Балкан енерџи груп бара поскапување на цената на парното од 300 проценти, поскапување кое го оправдува со порастот на цените на гас на светските пазари.

Од владата смируваат истакнувајќи дека за да нема ценовни шокови, се водат преговори со руски ГАЗПРОМ. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи соопшти дека преговорите се на самиот крај.

„Ние следиме состојби на тој пазар, на либерализиран пазар, ќе видиме со која цена снабдувачот на гас во нашата земја ќе обезбеди соодветна цена на гас. Сега се уште преговорите не се завршени, најверојатно би требало денеска утре да се знае по која цена е обезбедено количината на гас потребна за нашата држава.“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

На Владата очигледно и е мило НАТО, но помил и е ефтиниот руски гас.

Да се потсетиме дека голем број на аналитичари како една од главните причини за падот на претходната Влада предводена од Никола Груевски и жестоките удари кон неговата Влада, вклучувајќи го и објавувањето на бомбите ја гледаа во изградбата на „Јужниот тек“, руски гасовод чија траса требаше да минува низ Македонија.

На овој начин Македонија ќе добиеше ефтин енергенс, а ќе наплаќаше и кирија за гасоводната траса која ќе минуваше низ Македонија. Владата на Зоран Заев ги прекина сите преговори и разговори на оваа тема, а своевремено ги влоши односите со Русија протерувајќи неколку руски дипломати од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на златото и понатаму расте, благ…

Во најголем пад денеска се европските и…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Цената на златото руши рекорди

Рекордно висока цена има златото. Сега цената…

Паѓаат цените на нафтата на светските берзи

Во саботата наутро цените на нафтата на…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…