Министерката Сања Божиновска помогна Македон да стигне до Johns Hopkins CTY: „Ви благодариме, Сања, што покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“
Семејството Димитровски упати јавна благодарност до министерката Сања Божиновска за поддршката што, како што наведуваат, му ја дала на нивниот син Македон за остварување на можноста да се запише на престижната образовна програма Johns Hopkins Center for Talented Youth (CTY).
Во објавата, семејството истакнува дека зад успехот на секое дете стојат многу труд, знаење и посветеност, но дека понекогаш е потребна и поддршка од луѓе кои ќе го препознаат талентот и ќе помогнат во вистинскиот момент.
„Од срце сакаме јавно да ѝ се заблагодариме на министерката Сања Божиновска, а пред сè на човекот Сања, за нејзината човечност, разбирање и искрена поддршка за Македон“, наведуваат од семејството.
Тие додаваат дека нејзиниот придонес за можноста Македон да стане дел од програмата на Johns Hopkins CTY има големо значење за нив и дека оваа поддршка ќе остане дел од неговиот пат кон нови знаења, предизвици и успеси.
„Ви благодариме, министерке, но пред сè – Ви благодариме, Сања, што покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“, се вели во јавната благодарност на семејството Димитровски.
Johns Hopkins Center for Talented Youth (CTY) е програма на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ наменета за надарени ученици, која нуди напредни образовни можности и предизвици за ученици со исклучителни академски способности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите…
Воведувањето санкции против Меѓународниот кривичен суд како…
Дронови и мистериозни балони на небото над…
Москва наводно била цел на напади со…
Дипломатски судир меѓу САД и Европа: Вашингтон…
Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции против…
Финансиски аларм во Америка: Приносите на државните…
Американскиот пазар на државни обврзници испраќа сериозни…
Обединетите нации предупредуваат: Светската економија нагло забавува,…
Светската економија влегува во нов период на…