Министерот Османи денеска во посета на Македонците во Албанија

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Албанија, каде ќе се сретне со повеќе преставници на македонското национално малцинство и со преставници на локалните самоуправи.

Како што соопшти МНР, министерот Османи ќе оствари средби во Тробиште и Голобрдо, а потоа ќе пристигне во регионот на Пустец.

Во Пустец предвидени се средби со претседателот на Македонската алијанса за европска иднина (МАЕИ), Васил Стерјовски, како и со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски, како и посета на повеќе локации, училишта, спомен куќи, кои се од посебно значење за локалните жители.

Посетата на Македонците во Албанија Османи ја најави вчера на прес-конференција како одговор на прашање во врска со притисоците со кои се соочува македонската заедница во Албанија да се попишат како Бугари на претстојниот попис закажан во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…