Министерството за правда спрема ново барање за екстрадиција на поранешниот премиер Груевски

t

Ново барање за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски се подготвува во Министерството за правда, потврдуваат од министерството за „Фокус“. Тој веќе четири години е во бегство, засолнет во Будимпешта, Унгарија, од каде што веќе негативно одговорија на првото барање, испратено во 2018 година.

-Министерството за правда во наредниот период ќе поднесе ново барање за екстрадиција на Никола Груевски. Досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година. Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите постапки за кои е распишана потерница, ни одговорија од Министерството за правда.

Оттаму појаснуваат дека првото барање било одбиено со обралоижение дека Груевски добил азил.

-Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година со образложение дека на Никола Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал. Состојбата со сите судски постапки внимателно се следи, а Министерството за правда ќе се постапи соодветно, додаваат од Правда за “Фокус”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…