Министерството за правда сè уште чека одговор од ОАЕ за екстрадицијата за Шеваљ Муареми
Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Обединетите Арапски Емирати за барањето за екстрадиција на Шеваљ Муареми, водач на криминалната група „Дуќанџик“ од скопската населба Грчец. Како што соопштија од Министерството, барањето било испратено на 19 март 2024 година, а примено во ОАЕ на 2 април, но досега нема никаков официјален одговор од надлежните органи таму.
По Муареми на 4 март 2024 година беше распишана и меѓународна потерница од страна на Министерството за внатрешни работи.
Додека тој е во бегство, денеска шестмина членови на криминалната група беа прогласени за виновни од Основниот кривичен суд во Скопје. Тие се осудени за повеќе кривични дела, односно дека продавале кокаин и вршеле убиства по нарачка и за одмазда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
ОАЕ воведе санкции за најголемата државна банка…
Централната банка на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)…
8 муслимански држави, меѓу нив и ОАЕ,…
Група од осум држави со муслиманско мнозинство,…
Најмоќните пасоши за 2026 година: ОАЕ е…
Додека европските земји го сочинуваат мнозинството меѓу…
ОАЕ пресретнаа два дрона од Иран
Воздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати во…