Министерство за култура со 50 милиони денари поддржува проекти во 11 општини

t

Денеска на првата седница на преодната Влада e усвоена информацијата за Програмата за користење средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2024 година, со која Министерството за култура ги поддржува капиталните проекти од областа на културата во единаесет општини, информираат оттаму.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека оваа година е обезбеден поголем буџет, 50 милиони денари, со кој единиците на локалната самоуправа ќе реализираат значајни инфраструктурни проекти преку кои ќе се подобрат условите за остварување на културата во различни региони.

„Преку капиталните дотации за културата придонесуваме за рамномерен развој на општините, за развој на сите региони во државата, за инвестирање во културата која ќе ги поттикнува младите на креативност и творештво. Преку подобрување на условите за реализација на проекти од културата, помагаме за афирмација на културните вредности на секоја општина, со акцент за создавање интегриран простор за младите и поврзаност низ целата држава“.

На објавениот Оглас за распределба на капиталните дотации во областа на културата за 2024 година, посебно формирана комисија ги разгледа пристигнатите проекти и врз основа на критериумите, процедурите и роковите, од вкупно 15 пристигнати проекти од 13 општини, средства беа доделени за 11 проекти. Оваа години ќе бидат поддржани општините: Битола, Крушево, Кривогаштани, Велес, Чашка, Дојран, Демир Капија, Богданци, Маврово и Ростуше, Делчево и Чучер Сандево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…