Министерство за правда: Италија е наш силен поддржувач на патот кон ЕУ
На денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Паоло Палминтери, се разговаравше за клучните активности од Реформската агенда во правосудството, како и за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Италија е значаен партнер во процесот на европска интеграција и континуирано дава поддршка за реформите насочени кон посилно владеење на правото, поефикасно правосудство и одлучна борба против корупцијата.
-Преку размена на искуства и заеднички иницијативи, ќе продолжиме да градиме современ и ефикасен правосуден систем во интерес на граѓаните, велат од Министерството за правда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Италија планира казни до 160 евра за…
Италија наскоро би можела да воведе казни…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Платформата 12:05 бара државен план за Македонија…
Воведување една изборна единица и отворени кандидатски…