Миркуловски доби нова улога во македонскиот ракомет!
Македонската ракометна легенда Филип Миркуловски се враќа да работи во репрезентативниот ракомет, ама во нова улога. Славниот среден бек ја доби довербата од Ракометната федерација на Македонија и на официјална прес-конференција беше претставен за новата позиција.
Во иднина Миркуловски ќе биде спортски координатор на машките селекции. Оваа одговорна улога популарниот „Жути“ ќе ја преземе веднаш.
Филип Миркуловски беше еден од најголемите воини на Македонија. Своевремено средниот бек беше најборбен во тимот, никогаш не се откажуваше и добиваше многу „ќотек“ на терените. По крајот на играчката кариера Миркуловски остана во германскиот тим Вецлар, каде што работеше како тренер и помошник. Сепак, пред крајот на сезоната тој се раздели со овој клуб.
Извор: ГОЛ.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина поранешниот ракометен судија и делегат Љупчо…
Македонскиот ракомет е во жалост по веста…
Драги: „Европа ризикува да стане подредена, поделена…
„Европа ризикува да стане подредена, поделена и…
Данска и Германија ќе се борат за…
Данската ракометна репрезентација се пласираше во финалето…
Александар Стефанов едногласно избран за прв човек…
Македонскиот ракомет доби нов шести претседател во историјата.…
РФМ остро реагира на малтретирањето на навивачите:…
Репрезентацијата на Македонија вечерва дојде до лесна…