Мировните преговори меѓу Авганистан и Пакистан во Истанбул завршија без резултат
Мировните преговори меѓу Авганистан и Пакистан во Истанбул завршија без резултат, соопшти пакистанскиот министер за информирање Атаула Тарар, нарекувајќи го тоа удар за регионалниот мир по смртоносните судири овој месец.
Разговорите, со посредство на Турција и Катар, требаа да обезбедат траен мир поради конфликтите долж границата, каде што беа убиени десетици лица — најтешко насилство од доаѓањето на талибанците на власт во 2021 година.
Пакистанската страна ја обвини авганистанската дека избегнувала одговорност и не сакала да се обврзе дека ќе ги спречи пакистанските талибанци да дејствуваат од авганистанска територија. Авганистанските претставници, пак, тврделе дека немаат контрола врз нив.
Судирите ескалирале по пакистанските воздушни напади врз Кабул и други области, насочени кон водачот на пакистанските талибанци, по што талибанците возвратиле со напади на пакистански воени позиции.
Пакистанскиот министер за одбрана предупреди дека неуспехот на мировните разговори би можел да значи „отворен војна“. И покрај примирјето, во викендовите судири на границата биле убиени петмина пакистански војници и 25 милитанти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во поплавите во Истанбул загинаа најмалку три…
Најмалку три лица загинаа во поплавите предизвикани…
Падна покрив на училиште во Пакистан, загинаа…
Голема трагедија го потресе Пакистан откако се…
Одрон во рудник за злато во Авганистан,…
Пет рудари загинаа во одрон во рудник…
Пакистан го повика в.д. амбасадорот на Индија…
Пакистан го повика денеска вршителот на должноста…
Саудиска Арабија доби воена помош од Пакистан
По ескалацијата на конфликтот во Јемен, Пакистан…