Објавено на:

Мисијата завршена: Воените трупи се повлекуваат од Казахстан, именуван е нов премиер

t

Ситуацијата во сите региони на Казахстан е стабилна, за два дена ќе започне повлекувањето на мировниците на ОДКБ од републиката, изјави претседателот на Републиката Касим Јормат Токаев.
„Основната мисија на силите на ОДКБ е завршена, а за два дена ќе започне етапното повлекување на заедничкиот мировен контингент на ОДКБ. Процесот ќе трае најмалку десет дена“, рече претседателот во обраќањето пред парламентот.

Токаев уште еднаш посочи дека неговото обраќање до ОДКБ е легално. Казахстан можеше да ја изгуби контролата над Алма Ата, а со тоа и целата земја, доколку не го стореше тоа.
Тој најави дека ќе се формираат нови единици на Националната гарда, специјалните сили и реформираната Гранична служба.

Претседателот потпиша указ за именување на Алихан Смаилов за нов премиер на Републиката. Меџлисот (долниот дом на парламентот) на Казахстан ја одобри кандидатурата на Смаилов.

Ситуацијата во Казахстан
Жителите на западен Казахстан (градовите Жанаозен и Актау) на 2 јануари масовно излегоа на улиците протестирајќи против двојното зголемување на цената на горивата. Подоцна, демонстрациите ја зафатија земјата. Властите најавија дека ги враќаат цените на бензинот, но ситуацијата се влоши. Избувнаа немири, прогласена е вонредна состојба и повикана ОДКБ.
Претседателот Касим Јомарт Токаев на 5 јануари го смени тогашниот претседател на Советот за безбедност на земјата, Нурсултан Назарбаев и најави дека отсега ќе го води телото и дека се обратил за помош до Организацијата на Договорот за колективна безбедност.
ОДКС одлучи да испрати мировници во Казахстан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека…